Колумбија одобри, а потоа одби два лета од САД со колумбиски мигранти

373

Колумбија прво одобри, а потоа одби да прифати два американски воени авиони со колумбиски мигранти, изјави во неделата неименуван претставник на американската администрација за Си-Ен-Ен.

„Не можете да се однесувате така и јавно да ни пркосите на тој начин. Ќе се погрижиме светот да знае дека не можат да се извлечат ако бидат несериозни и ако не измамат“, изјави неименуван претставник на американската администрацијата за СиЕнЕн.

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека нема да дозволи американски авиони да влезат во земјата, велејќи дека Вашингтон „не може да ги третира колумбиските мигранти како криминалци“.

Тој подоцна појасни дека се противи на употребата на воени авиони и дека цивилните авиони би биле соодветни.

За неколку часа, Трамп објави дека воведува тарифи за Колумбија, меѓу низата други мерки, „првата јавна одмаздничка акција“ што новата администрација на Трамп ја презеде против друга земја поради имиграциските прашања, пишува Си-Ен-Ен.

ИЗДВОЕНИ