Рандал Коло Муани се здоби со скршеница на прст на десната рака, на натпреварот меѓу Јувентус и Аталанта. Францускиот напаѓач се повреди во првото полувреме по еден дуел, но без проблем го продолжи натпреварот. Во вториот дел се врати со завој на десната рака и го одигра целото полувреме. Ќе мора да оди на операција за санирање на повредата, која не е сериозна.

Добра вест за Јувентус е што следува репрезентативната пауза, па напаѓачот ќе има време за заздравување. Според првичните информации, се очекува Коло Муани да биде подготвен за дуелот против Каљари, по продолжувањето на сезоната во Серија А.

ИЗДВОЕНИ