вторник, јули 28, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Колку е важен нападот врз гасната централа во Катар? Овие земји би...

Колку е важен нападот врз гасната централа во Катар? Овие земји би можеле да останат без течен природен гас во следните 3 години

1135

Во потег што дополнително ја влоши американско-израелската војна со Иран, Израел во среда го нападна клучното гасно поле Јужен Парс во Иран. Иран кратко потоа возврати со напади врз енергетската инфраструктура низ Персискиот Залив, вклучително и гасен објект во комплексот Рас Лафан во Катар.

Комплексот Рас Лафан, кој се наоѓа на околу 80 километри североисточно од Доха, е најголемиот објект за течен природен гас (LNG) во светот. Тој произведува околу 20 проценти од глобалните залихи на LNG и игра клучна улога во балансирањето на побарувачката во Азија и Европа.

На почетокот на март, само неколку дена по почетокот на војната, Катар го прекина производството на LNG по нападот во близина на објектот.

Рејчел Зиемба, виш соработник во Центарот за нова американска безбедност, изјави дека фактот што Рас Лафан веќе го прекинал производството значи дека најновите напади нема да предизвикаат никакво непосредно нарушување на глобалните залихи.

Под знак прашалник за иднината на снабдувањето со гас за многу земји
Сепак, извршниот директор на државната компанија QatarEnergy, Саад ал-Каби, изјави дека иранските напади оштетиле објекти кои сочинуваат околу 17 проценти од извозниот капацитет на компанијата и дека ќе бидат потребни помеѓу три и пет години за нивно поправање.

Штетата би можела да ја наведе „Катар Енерџи“ да прогласи виша сила и привремено да ги суспендира долгорочните договори за снабдување со гас до пет години, вклучувајќи ги и испораките до Италија, Белгија, Јужна Кореја и Кина.

Ал-Кааби додаде дека оштетената инфраструктура вреди околу 26 милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ