среда, септември 30, 2026
Дома МАГАЗИН Кој ќе го глуми Тоше Проески на големото филмско платно?

Кој ќе го глуми Тоше Проески на големото филмско платно?

1

На престижниот медиумски фестивал “Weekend 2026“ кој деновиве се одржа во градот Ровињ, во Истра, официјално беше претставен филмски проект за славниот Тоше Проески кој (ќе) се реализира во дури три формати: игран филм, играна серија и документарна серија. Сепак самиот филм сѐ уште никој го нема видено.

Две децении по трагичната смрт на македонскиот славеј Тоше Проески, овој голем проект опфаќа негов живот, кариера и непроценливо наследство. Зад проектот стојат продуцентот Пеце Талески, авторот Игор Стоименов, сценаристите Милана Влајовиќ и Андреј Волкашин. Тие откриваат дека целта на филмот не е само да ја прикаже куса но, премногу блескава кариера на Тоше, туку пред сѐ Тоше како искрен, сакан човек.

Главната инспирација и „душа“ на целиот проект е изјавата што Тоше ја даде самиот за себе, со што се опиша на некој начин, велејќи: „И јас би сакал да го запознаам тој Тоше.“ Тој си раскажува за впечатоците кога другите зборуваат за него, а при што се чини, дека ни самиот тој веќе не можеше да се препознае. – За мене во таа реченица се наоѓа душата на овој проект. Ова не е само приказна за музичката ѕвезда која со својот глас ги обедини луѓето, туку приказна за момчето од Крушево кое сакаше да сака, да биде сакано и да има обичен живот, истакнува авторот Игор Стоименов, за медиумите.

Инаку, сценаристи и бројни автори веќе со месеци се на теренот, правејќи интервјуа со луѓето кои беа најблиски до Тоше а, ги обиколуваат  локациите што Тоше ги посетувал, со помалку познатите детали од неговиот живот.

-Пред се филмот не може да го содржи целиот негов живот. Најголемиот сценаристички предизвик е да препознаеме што навистина ѝ припаѓа на приказната и каде завршува биографијата, а каде започнува филмот, објасни сценаристот Андреј Волкашин.

Продуцентот Пеце Талески додаде дека приказната за овој млад човек е универзална, верувајќи дека ќе допре и до публиката ширум светот која можеби и не ја познава неговата музика, како што ја знае нашата, од Вардар до Триглав. Сега за сега точните датуми за премиерата сѐ уште се чуваат во тајност. За јавноста најголема енигма останува кој актер ќе има чест да го глуми Тоше Проески на големото филмско платно?  И ако замина многу млад на само 26 години на 16 октомври 2007 година, песните кои ги пееше анѓелот, остануваат да живеат во сите нас.

 

ИЗДВОЕНИ