Златните резерви се огледало на глобалните економски трендови и стратешки приоритети на државите. Според податоците на Светскиот совет за злато за 2024 година, најновата листа открива значајни скокови на две земји – Кина и Индија.
Соединетите Американски Држави остануваат лидер со 8.133,46 тони злато, непоколебливо на врвот без промени од вториот квартал на 2024 година.
Германија го зазема второто место со 3.351,53 тони, третото место и припаѓа на Италија, со 2.451,84 тони, Франција е четврта со 2.436,94 тони.
Кина значајно напредуваше на петтото место со 2.264,32 тони, благодарение на активните откупни политики, Швајцарија е на шестото место со 1.039,94 тони, Индија направи огромен скок од деветтото на седмото место со 853,63 тони, благодарение на агресивното зголемување на резервите од страна на централната банка, Јапонија
е на осмото место со 845,97 тони, Холандија има 612,45 тони и е деветта,
Турција го заокружува топ 10 со 595,37 тони и е меѓу петте земји со најголеми зголемувања на златните резерви во 2024 година.
Златните резерви го отсликуваат глобалниот економски пејзаж, а напредокот на земјите како Индија и Кина покажува како стратегиските одлуки можат да влијаат на економската стабилност и позиција во светски рамки.