недела, февруари 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Коцевски отфрла селективност во истрагата за Кочани

Коцевски отфрла селективност во истрагата за Кочани

Почна испрашувањето на сведоците на кобниот концерт на ДНК

113

Државниот обвинител Љупчо Коцевски во изјава за новинарите ги отфрли наводите за селекстивност во постапувањата на обвинителството во истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани каде загинаа 62 млади луѓе. Вели дека истрагата е во фаза кога се испрашуваат сведоците кои биле присутни во дискотеката кобната ноќ, како и оштетените, односно родителите на загинатите и тешко повредените. На новинарско прашање дали ќе се прошири истрагата за полициските службеници кои биле вечерта во дискотеката „Пулс“, Коцевски рече дека сѐ до завршување на истрагата можно е евентуално проширување, но, вели, тоа зависи од доказите и она што ќе го обезбедат јавните обвинители. Според Коцевски, нема никаква селективност во истрагата досега, а нема да има ни понатаму.

„Во Јавното обвинителство за организиран криминал има постапка за 14 или 15 лица, за кои нема определено мерки притвор. Нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму. Како што веќе имам кажано, сѐ до завршување на истрагата можно е евентуално проширување, меѓутоа тоа зависи од доказите и од она што јавните обвинители ќе го обезбедат. Истрагата е во исклучително важна фаза сега, затоа не можам да споделувам подетални информации во однос на истрагите кои што се водат, изјави Коцевски според кој истрагата треба да заврши до средината на јуни. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ