
Кир Стармер денеска поднесе оставка на функцијата британски премиер и лидер на Лабуристичката партија. Тој рече дека номинациите за негов наследник ќе бидат отворени на 9 јули, а јасен фаворит е неговиот ривал Енди Бернам.
Стармер побара од Националниот извршен комитет на Лабуристичката партија веднаш да изготви распоред за избор на ново раководство. Според тој план, номинациите за новиот лидер ќе бидат отворени на 9 јули, а целиот процес ќе биде завршен до летната парламентарна пауза. Во практика, ова значи дека Велика Британија ќе има нов премиер пред повторното собирање на Парламентот во септември. Дотогаш, Стармер ќе остане премиер со технички мандат.
-Ќе направам сè што е во моја моќ за да обезбедам уреден трансфер на власта и ќе му дадам целосна поддршка на мојот наследник – рече Стармер.
Британските медиуми ја најавија неговата оставка ден претходно. Главните причини за тоа што побараа дел од лабуристите негово заминување се катастрофалните изборни резултати на локалните избори и дополнителните избори во текот на 2025 и на 2026 година, додека УК Реформи на Најџел Фараж се зајакнува, а дел од левичарските гласачи се префрлаат на Зелените.
Заклетвата на Бернам за пратеник беше закажана за в понеделник попладне, по што му се отвора патот за премиер. Доколку се случи тоа, со него протестантска Британија првпат во историјата ќе добие католик премиер.











