Во зависност од дијагнозата, се одредува програма со вежби што дејствуваат на активирање на одредени мускули каде што е присутен проблемот. Кинезитерапијата може да се однесува на една група мускули или на неколку од нив. Како дел од физикална терапија, тоа е еден од најважните аспекти на медицинската рехабилитација
Кинезитерапијата е составен дел на физикалната терапија и на рехабилитацијата. Потекнува од грчкиот збор „кинезис“ што значи движење. Затоа тоа е поле на физикалната терапија што го користи движењето како метод на лекување. Во зависност од дијагнозата, се одредува програма со вежби што дејствуваат на активирање на одредени мускули каде што е присутен проблемот. Кинезитерапијата може да се однесува на една група мускули или на неколку од нив. Како дел од физикалната терапија, тоа е еден од најважните аспекти на медицинската рехабилитација.
Многу е важно да се знае дека кинезитерапијата е составен дел од поширокиот спектар на терапии, кој се нарекува физикална терапија. Исто така, важно е да се нагласи дека кинезитерапијата се применува превентивно, бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем и позитивно влијае на психолошката состојба на луѓето.
Таа се препорачува за разни ортопедски проблеми како што се фрактурите на коските и спортските повреди како исчанчување, делумно или целосно кинење на лигаментите, како и за отоци и состојби по удари. Се препорачува за пациенти со ревматолошки проблеми како гонатроза, помага и при мускулна напнатост и болка, воспаленија на ткивото, како синдром на замрзнато рамо. Многу е ефикасна и при невролошки проблеми како мултиплекс склероза, мозочен удар и мускулна дистрофија.

Кинезитерапијата вклучува активни и пасивни вежби. Активните вежби бараат доброволна мускулна активност, додека пасивните вежби се изведуваат со пациенти што не може самостојно да прават активни движења. Секако, кинезитерапијата може да се комбинира со други методи на физикална терапија за поуспешна рехабилитација. Основните принципи на овој вид физикална терапија се вежби што работат на зголемување на опсегот на движење, вежби за сила и вежби за истегнување. Овие вежби имаат цел зајакнување на мускулно-скелетната структура, намалување на болката и зголемување на васкуларизацијата.
Кај повозрасните лица пациенти, принципите на кинезитерапија може да се користат за самата активност, додека кај другите пациенти се применуваат за отстранување на болката и за враќање на нормалните животни активности.
Во зависност од состојбата на пациентот, се користат:
– активни асистирани вежби;
– независни активни вежби;
– активни вежби со оптоварување и
– пасивни вежби.
(Авторот на текстот е и специјалист по здравствен фитнес. Ординација за физикална терапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ – ЗДРАВЈЕ)












