понеделник, септември 21, 2026
Дома СВЕТ Кина потврди: Шји во државна посета на САД од 23 до 25...

Кина потврди: Шји во државна посета на САД од 23 до 25 септември

9
EPA/Maxim Shemetov / POOL

Кинескиот претседател Шји Џинпинг ќе престојува во државна посета на САД, потврди кинеското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека тој ќе престојува таму од 23 до 25 септември, на покана на претседателот Доналд Трамп.

Трамп го покани Шји во Белата куќа на 24 септември кога беше во Пекинг, кон средината на мај. Ова ќе биде прва посета на Шји на САД од 2023 година, кога тој отпатува во Калифорнија на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) и се сретна со претходникот на Трамп, Џо Бајден. Пред тоа, во 2017 година, Трамп го угости Шји во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида, а последната државна посета на кинескиот претседател со прием во Белата куќа беше во 2015 година.

Се очекува темите за дискусија за време на посетата да бидат царинскиот и трговскиот спор меѓу двете земји, безбедноста на вештачката интелигенција и глобалните конфликти како што се војната во Иран и руската инвазија на Украина.

ИЗДВОЕНИ