Кина и Пакистан се согласија да промовираат предлог од пет точки, чија цел е обновувањето на мирот на Блискиот Исток по едномесечната војна.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го прими својот пакистански колега Ишак Дар и обајцата се согласиле околу петте точки: моментен прекин на судирот, што поскоро активирање на мировните преговори, гаранција за безбедноста на невоените цели, гарантирање безбедносни пловидни низ Хормискиот Проток и зачувување на приматот на Повелбата на Обединетите Нации, објави АП.
Кинеските државни медиуми и Министерството за надворешни работи на Пакиста го објавија договорот.
Двете земи ги повикаа сите страни да се придржуваат до предлозите, но не наведоа други конкретни чекори.
Дар отпатува во Пекингф во момент кога Пакистан дејстввуа како посредник меѓу Иран и САД.
Оваа јужназиска земја ги користи релативно добри односи и со Вашинготн и со Техеран да се обиде да помогне во прекин на војната, пренесе „Бета“.












