Колумбиската војска спаси шест деца грабнатни од родителите кои три дена се криеја во џунглата да не ги грабне бунтовничката група копја војува со властите.
Минстерот за одбрана Педро Санчес наведе на платформата „Икс“ дека пет деца и нивната полнолетна сестра биле оддалечени од локацијата во југозападната провинција Какета со хеликоптер.
„Нападот на цивилното население, а особено на децата, е еден од најужасните нехумани чинови, а кога се повторува, станува воен злочин“, наведе Санчез.
Министерството за одбрана на Колумбија соопшти дека бунтовничката група на Александро Дијаз, поранешниот командант на одметнатите Револуционерни вооружени сили на Колубија (ФАРС), се обидувале да ги грабнат децата откако им биле грабнати родителите.
Минатата недела, родителите избегале од заложништво и побарале засолниште во воена база, а бунтовниците се заканиле дека ќе им ги грабнат децата. Семејството ги испратило работниците да ги скријат децата во џунглата во близина на нивната фарма во општината Картахена дел Чаира.
Потоа на војската ѝ ја дале локацијата на децата.
Александар Дијаз, познат како „Каларак“, е еден од неколкутемина поранешни команданти на ФАРС кои одбиваа да се разоружаат по мировниот договор со колумбиската влада од 2016 година.
Тој раководи со групата ЕМБФ, која води посебни мировни преговори со администрацијата на претседателот Густаво Петро, и минатата година потпиша договор со владата во кој вети дека нема да регрутира малолетници.
Администрацијата на Петро се обидува да одржи мировни преговори со преостанатите бунтовнички групи во Колумбија во рамки на стратегијата „Целосен мир“ која има слаб успех, пренесе „Бета“.
Според меѓународните набљудувачи, групи како EMBF ги користеле прекините на огнот со колумбиската армија за реорганизација, вооружување и консолидирање на контролата врз селата.
Бунтовничките групи извршиле сериозни злосторства против цивили, вклучувајќи киднапирања, присилно раселување и регрутирање деца.
Според УНИЦЕФ, присилното регрутирање деца од страна на нелегални вооружени групи во Колумбија се зголемило трипати во последните пет години.
Хуманитарните организации велат дека ситуацијата е веројатно полоша од оваа проценка бидејќи многу семејства не се подготвени да пријават присилно регрутирање од страв од одмазда од бунтовничките групи.












