Украина денес ја обвини Русија за напади „по целата фронтовска линија“, кршејќи го тридневниот прекин на огнот објавен од рускиот претседател Владимир Путин, додека Москва повтори дека „строго ќе го почитува“ прекинот на огнот и ќе „одговара“ само на украинските напади.
Примирјето по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија стапи на сила во среда навечер и ќе трае до сабота.
„Според нашите воени податоци, руските сили, и покрај изјавите на Путин, продолжуваат да напаѓаат по целата фронтовска линија“, напиша украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига на мрежата Икс.
Од полноќ, Русија „изврши 734 прекршувања на прекинот на огнот“ и изврши 63 обиди за напад, додаде тој.
Украина ќе одговори „соодветно на сите напади“ и ќе им обезбеди на своите партнери „релевантни информации за руските прекршувања на прекинот на огнот“, напиша Сибига.
Руската војска денес соопшти дека „строго го почитува“ примирјето и дека нема да извршува никакви воздушни, ракетни, артилериски или беспилотни напади додека трае.
„Руските вооружени сили реагираат симетрично на кршењето на прекинот на огнот од страна на Украина“, соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм.