Поп-ѕвездата Кети Пери и нејзиниот партнер, поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, денес пристигнаа во Котор. Двојката во последните денови беше на одмор на Азурниот Брег, каде што папараците ги фотографираа во Сен Тропе како разменуваат нежности на плажа.
Тие се држеа за раце, се прегрнуваа и се бакнуваа, игнорирајќи ги љубопитните погледи, а нивните фотографии набрзо ги обиколиа светските медиуми.
По Франција, патувањето ги донесе во Црна Гора, каде што денес престојуваа во Котор.
Кети Пери и Џастин Трудо се во врска од минатата година, а во последните месеци се почесто се појавуваат заедно во јавноста.
Странските медиуми објавуваат дека тие организирале романтичен одмор во Сен Тропе по повод првата годишнина од нивната врска, што дополнително ги разгоре приказните дека нивната врска станала многу сериозна.
View this post on Instagram
Кети Пери е една од најуспешните поп-пејачки на денешницата.
Во текот на својата кариера, таа продала десетици милиони албуми низ целиот свет, а хитови како што се Firework, Roar, Dark Horse и California Gurls ѝ донесоа глобална популарност.
Таа има ќерка, Дејзи, од долгогодишната врска со актерот Орландо Блум.
Џастин Трудо беше премиер на Канада од 2015 до 2025 година и е еден од најпознатите канадски политичари во последната деценија. По разводот, тој продолжи да се грижи за нивните три деца заедно со неговата поранешна сопруга.
Нивното доаѓање во Котор уште еднаш потврдува дека Црна Гора станува се попривлечна дестинација за светски познати личности кои тука наоѓаат комбинација од природна убавина, историја и медитерански шарм.












