
Мохамед Салах официјално ќе ја продолжи кариерата во Турција, откако постигна договор за двегодишна соработка со Трабзонспор.
Египетскиот фудбалер со тоа стави крај на шпекулациите што следеа со месеци, поточно по неговото заминување од Ливерпул, каде што помина девет незаборавни години.
Иако бројни медиуми го поврзуваа со Саудиска Арабија, Салах на крајот одлучи да ја прифати понудата од турската Суперлига.
Трабзонспор веќе потврди дека преговорите со египетската ѕвезда се во завршна фаза.
Во соопштението на клубот се наведува дека Салах ќе пристигне во Истанбул, по што ќе отпатува за Трабзон истиот ден за да ги заврши сите формалности околу трансферот.
Клубот објави дека деталите за приемот ќе бидат објавени преку официјални комуникациски канали, а на социјалните мрежи беа постирани неколку фотографии од Салах кој е авионот кој лета кон Турција.
Од истите фотографии може да се забележи дека искусниот напаѓач веќе се договорил за дрес со број 61.
Според информациите што се појавија, Салах ќе потпише двегодишен договор со Трабзонспор. Исто така, се наведува дека тој ќе заработува околу 17 милиони евра по сезона, што би го направило најплатен фудбалер во историјата на турскиот фудбал.
Трабзонспор сака да направи голем чекор напред со овој трансфер и да се приклучи во борбата за шампионската титула.
Салах во својот нов клуб ќе најде неколку познати имиња од европскиот фудбал. Меѓу нив се голманот Андре Онана, кој повторно пристигна на позајмица од Манчестер Јунајтед, и искусниот дефанзивец Стефан Савиќ.
Трабзонспор верува дека доаѓањето на еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња ќе биде клучен чекор во создавањето тим способен да го нападне врвот на турската Суперлига.











