Екипата на Панатинаикос доби сериозен удар пред почетокот на новата сезона, откако најдобриот играч на тимот, Кендрик Нан, мораше да биде опериран на коленото. Американскиот бек се повреди на приватен тренинг во САД, каде што заработил повреда на менискусот.
Нан во средата, 19 август, бил подложен на оперативен зафат, кој според информациите поминал рутински и без никакви компликации. Сепак, повредата доаѓа во незгоден момент за атинскиот клуб, кој има големи амбиции во новата сезона.
Според грчкиот портал „СДНА“, Нан ќе мора да паузира околу шест до осум недели пред повторно да започне со тренинзи. Тоа значи дека најверојатно ќе ги пропушти првите неколку кола од Евролигата, а неговото враќање на теренот се очекува на почетокот на октомври.











