четврток, јуни 25, 2026
Дома СКОПСКА Ќе се субвенционира полагањето возачки испит на младите во Ѓорче

Ќе се субвенционира полагањето возачки испит на младите во Ѓорче

55

Општина Ѓорче Петров официјално го објави јавниот повик за доделување субвенции во износ од 10.000 денари за полагање на возачки испит, наменет за млади лица кои за првпат аплицираат.

Право на аплицирање имаат жители на општина Ѓорче Петров кои за првпат полагаат возачки испит, согласно утврдените критериуми. Повикот е отворен, а сите заинтересирани можат да аплицираат согласно условите објавени на официјалната веб-страница на општината https://opstinagpetrov.gov.mk/javen_povik_subvencioniranje_vozacki_2026/

-Со оваа мерка, општината продолжува со конкретна и директна поддршка на младите, овозможувајќи им полесен пристап до возачка дозвола – значаен чекор кон поголема мобилност, независност и подобри можности за вработување – соопштија од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека вложувањето во младите е клучен приоритет.

ИЗДВОЕНИ