Општина Струмица распиша конкурс за избор на идејно-архитектонско решение за реконструкција и урбан дизајн на постојниот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица.
Рок за предавање на трудовите е 30.11.2026 година во 12:00 часот (по локално време) по електронска пошта на: [email protected] или лично, со поднесување во архивата на Општина Струмица.
Конкурсот е достапен и на Електронскиот систем за јавни набавки, односно на линкот: e-nabavki.
Отворањето на идејните решенија нема да биде јавно и ќе се изврши на датум и час определени како краен рок за поднесување на идејните решенија во просториите на Општина Струмица.
Оценувањето на проектите поднесени на конкурсот за избор на идејно решение го врши жири комисија.
Прва награда за избраното најдобро идејно решение е во висина од 130.000 денари, втората награда е во висина од 60.000,00 денари, додека третата награда за избрано идејно решение е во висина од 40.000 денари.












