Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе ги разгледува и наводите поврзани со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, откако СДСМ побара истрага за неговата наводна поврзаност со бугарска компанија.

Од Антикорупциската комисија потврдуваат дека имотната состојба на Јанушев веќе е предмет на проверка од 2024 година, а новите информации ќе бидат вклучени во истиот предмет.

Сепак, од ДКСК посочуваат дека располагаат со ограничени механизми за проверка на имот и сопственички структури во странство. Поради тоа, сè уште не е донесена одлука дали од Јанушев ќе биде побарана нотарски заверена изјава или ќе се користат други методи за проверка на податоците.

Случајот повторно ја отвори дебатата за надлежностите и можностите на институциите при проверка на имот и деловни интереси надвор од државата. Од Комисијата најавуваат дека по завршувањето на постапката јавноста ќе биде информирана за утврдените факти и евентуалните понатамошни чекори.

ИЗДВОЕНИ