четврток, октомври 1, 2026
Дома МАГАЗИН Казната како награда: Пи Диди во затворот има личен готвач, масер, мобилен...

Казната како награда: Пи Диди во затворот има личен готвач, масер, мобилен со Инстаграм, луѓе кои му набавуваат виски

0
EPA/ASHLEY LANDIS

Американскиот музичар Шон „Диди“ Комбс има луѓе во затворот – каде што ја издржува казната поврзана со обвиненија за проституција – кои му готват, му ја чистат ќелијата, му ја перат облеката и му набавуваат алкохолни пијалаци.

Според „Ен-би-си њуз“ (NBC News), 56-годишниот Комбс троши илјадници долари месечно за да си го направи престојот зад решетки што е можно поудобен додека ја издржува казната од 50 месеци во установата „Форт Дикс“ во Њу Џерси.

Извори од затворот, кои сакале да останат анонимни, откриле дека Диди дури има и свој масер.

Наводно, Комбс има пристап и до мобилен телефон со инсталиран „Инстаграм“, преку кој една од неговите поранешни девојки му испраќа експлицитни фотографии.

Покрај тоа, тој набавува антидепресиви од еден созатвореник за да си го подобри расположението.

Што се однесува до оброците, Диди има човек кој подготвува пилешко во кари-сос и пица исклучиво за него; сепак, готвачот наводно се заситил од таа задача и се откажал.

Затворот „Форт Дикс“ е „дом“ за околу 4.000 затвореници, а според некои од нив, многумина таму гледаат на Комбс со восхит.

ИЗДВОЕНИ