Кој ќе го наследи Даниел Крејг во улогата на Џејмс Бонд?
Додека во медиумите во последните месеци најчесто се споменуваат Џек Лауден, Калум Тарнер и Џејкоб Елорди, Дени Бојл има поинаков избор. Бојл, кој накратко беше дел од филмскиот универзум на Бонд, отворено изјави дека во улогата на агентот 007 би сакал да го види британскиот актер Џек О’Конел.
Бојл беше најавен како режисер на последниот филм за Бонд со Даниел Крејг во март 2018 година. Меѓутоа, само неколку месеци подоцна тој го напушти проектот поради креативни несогласувања со тогашните сопственици на франшизата.
На негово место дојде Кери Џоџи Фукунага, а филмот „Не е време за умирање“ (No Time to Die) премиерно беше прикажан во 2021 година. Говорејќи во ново интервју за своето заминување од франшизата, Бојл откри кого тој би го избрал за нов Бонд.
„Треба да го изберат Џек О’Конел за Бонд. Го гледавте ли Back to Black? Тоа е прекрасен филм. Тој ја игра главната машка улога и тоа е неверојатно барачка улога. Беше неверојатен“, изјави тој на проекцијата на новиот филм „Инк“ (Ink) на Filmskiот фестивал во Цирих.
О’Конел, кој е роден во Дербишир, се прослави во серијата „Скинс“ (Skins), во која го играше бунтовниот Џејмс Кук.
Триесет и шестгодишниот актер подоцна оствари улоги во филмовите „Љубовникот на леди Чатерли“ (Lady Chatterley’s Lover), со Оскар наградениот „Грешници“ (Sinners), филмот „28 години подоцна“ (28 Years Later), како и во биографскиот филм за Ејми Вајнхаус Back to Black, каде што го толкуваше нејзиниот партнер Блејк Филдер-Сивил.
Во моментов глуми и во новиот филм „Инк“ (Ink).
Тој говореше и за првичната визија за филмот „Не е време за умирање“, откривајќи дека сценариото го развивал со сценаристот Џон Хоџ.
„Кога ме побараа да го работам Бонд, осмисливме приказна со Џон Хоџ, но тие ја изгубија довербата во неа. Штета е, бидејќи можеше да биде навистина добра“, рече тој.
Сепак, изрази доверба во Дени Вилнев, кој ќе го режира следниот филм за Бонд, фалејќи ја неговата работа на поновите филмови „Дина“, нарекувајќи го „неверојатен“.












