четврток, октомври 1, 2026
Дома СВЕТ Европол: Тинејџер ја предводел криминалната хакерска група „КилСек“ која се поврзува со...

Европол: Тинејџер ја предводел криминалната хакерска група „КилСек“ која се поврзува со 1.000 напади ширум светот

84

Европол денес соопшти дека еден тинејџер е осомничен оти ја предводел криминалната хакерска група „KillSec“, која вршела изнуда преку интернет, и потврди дека полицијата ги запленила предметните сервери и блокирала веб-страница наменета за објавување украдени податоци.

Спроведени се вкупно три апсења и осум претреси во четири европски земји како дел од операција насочена против оваа организирана група за сајбер-криминал, која се поврзува со околу 1.000 напади ширум светот.

Криминалната хакерска група ја користела својата веб-страница за да изнудува откупнина од целните организации, заканувајќи се дека ќе ги објави украдените датотеки.

ИЗДВОЕНИ