понеделник, јуни 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кавадарци доби нов милионер: Падна „седумката“ на Лото, среќникот ќе добие близу...

Кавадарци доби нов милионер: Падна „седумката“ на Лото, среќникот ќе добие близу 1,28 милиони евра

1304

Во вечерашното извлекување на играта на среќа Лото 7 од 37, кое се емитува на Канал 5 телевизија, беше извлечена главната премија – 7-ка.

Среќниот добитник во 18-тото коло освои 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра, а добитното ливче е уплатено во Кавадарци.

Добитната комбинација е:

10, 1, 8, 4, 5, 2, 11, односно 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11.

Со шест погодоци беа регистрирани 15 добитни комбинации, а секоја од нив ќе добие по 31.707 денари.

ИЗДВОЕНИ