среда, јули 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кавадарци бара крал и кралица за карневалот

Кавадарци бара крал и кралица за карневалот

17

Кавадарци е во потрага по крал и кралица за годинашниот тиквешки карневал, дел од традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Од организацијата информираа дека пријавувањето за крал и кралица, но и за другите учесници на тиквешкиот карневал, трае до 20 јули.

Годинава, „Тиквешкиот гроздобер“ ќе се одржи од 4 до 6 септември.

Како и секоја година, така и оваа се очекуваат голем број посетители од земјава и од странство.

Предвидени се низа настани, како и богата музичка програма.

 

ИЗДВОЕНИ