среда, јули 8, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Продолжува амандманската расправа за ребалансот поднесени 224 амандмани

Продолжува амандманската расправа за ребалансот поднесени 224 амандмани

8

Комисијата за финансирање и буџет при Собранието ја продолжи амандманската расправа за предложениот ребаланс на буџетот за 2026 година.

На првиот ден од расправата беа разгледани десетина амандмани, со кои се бараа дополнителни средства за Министерството за односи меѓу заедниците, како и повисоки плати за вработените во Министерството за одбрана и за припадниците на Армијата. Дел од амандманите предвидуваат и зголемување на блок-дотациите за општините наменети за противпожарните бригади, како и дополнителни средства за изградба на објекти за потребите на Армијата.

За ребалансот се поднесени вкупно 224 амандмани. Од нив, 87 се предложени од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од коалицијата „Вреди“.

Со ребалансот, вкупните буџетски приходи се проектирани на 379,2 милијарди денари, што претставува зголемување од речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот буџет за 2026 година. Вкупните расходи се планирани на 425,2 милијарди денари.

Предвидени се и дополнителни средства за капитални инвестиции, кои ќе достигнат речиси 46 милијарди денари. Во однос на првичниот план, капиталните расходи се зголемени за околу 5,8 милијарди денари, односно за 14,5 проценти.

Макроекономските проекции остануваат со очекуваниот економски раст од 3,5 проценти, инфлација од 4,5 проценти и буџетски дефицит од 4,1 процент од бруто-домашниот производ.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека ребалансот не е резултат на недостиг на приходи или нарушена ликвидност, туку произлегува од потребата да се усогласат буџетските проекции со актуелните глобални економски услов

ИЗДВОЕНИ