среда, октомври 28, 2026
Дома СВЕТ Јужнокорејски борбени авиони по грешка фрлиле бомби врз цивилна област, има повредени/ФОТО

Јужнокорејски борбени авиони по грешка фрлиле бомби врз цивилна област, има повредени/ФОТО

103

Најмалку седум цивили се повредени кога јужнокорејски борбен авион по грешка фрлил бомби за време на вежба, соопшти војската на Јужна Кореја.

„Авион КФ-16 по грешка исфрли осум бомби МК-82 кои експлодираа надвор од предвидениот периметар“, се вели во соопштението.

Инцидентот се случил утринава околу 10 часот по локално време во Почеон, на северот на Јужна Кореја и на околу 25 километри јужно од демаркационата линија со Северна Кореја.

Новинската агенција Јонхап објави дека Јужна Кореја денеска спроведува „вежби со САД во Почеон“.

Јонхап јавува дека четири лица се тешко повредени, а тројца се полесно повредени и дека е причинета материјална штета.

ИЗДВОЕНИ