Денеска на планината Баба, на врвот Пелистер (2.601 м.н.в) падна снег, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер“.
Од националниот парк истакнуваат дека ова е уште еден доказ за убавината и моќта, но и за непредвидливоста на Пелистер, кој со право го носи епитетот „крал на планините во Македонија“, и кој токму затоа дека мора да го почитуваме.
Наглата временска промена се почувствува и во подножјето, односно во градот Битола. Додека вчера во 17 часот биле измерени 26 Целзиусови степени, денеска во истиот термин е измерена температура од само 12 степени, односно за само едно деноноќие е забележан пад од 14 степени, а температурата продолжува да се намалува.












