Околу 29.000 луѓе се евакуирани во централна Шпанија, додека владата прогласи национална вонредна состојба првпат во историјата поради пожарите и ја презеде координацијата на сите противпожарни служби.
Најтешка е ситуацијата во Автономната заедница Мадрид, каде што се евакуирани околу 27.000 луѓе, и во покраината Авила, од која се евакуирани повеќе од 1.600 жители, јавува RTVE.
Во југозападниот дел на Автономната заедница Мадрид, два големи пожари што избувнаа во Сан Мартин де Валдеиглесијас и Вила дел Прадо се споија, што предизвика бројни населби да бидат евакуирани или ставени во изолација, пренесува „Танјуг“.












