четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Јоханес Хан, поранешен еврокомесар, поднесе оставка од функцијата специјален претставник на ЕУ...

Јоханес Хан, поранешен еврокомесар, поднесе оставка од функцијата специјален претставник на ЕУ за Кипар

124
Фото:википедија

Специјалниот претставник на ЕУ за Кипар, поранешниот европски комесар Јоханес Хан, поднесе оставка, наведувајќи други обврски, соопшти Комисијата во понеделник.

„Комисијата ја почитува одлуката на г-дин Хан и му се заблагодарува за неговиот вреден придонес во процесот на решавање на спорот во текот на изминатата година“, изјави портпаролот на Комисијата, Мачеј Берестецки, додавајќи дека претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, „ќе одлучи за следните чекори во догледно време“.

Австриецот Хан, комесар за време на мандатите на Жан-Клод Јункер и Урсула фон дер Лајен, беше назначен на функцијата во мај 2025 година за да придонесе во разговорите за повторно обединување во соработка со специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар, Марија Ангел Олгуин Куелар.

Во јануари, Хан ја презеде функцијата претседател на Генералниот совет на Австриската национална банка со петгодишен мандат, објави „Политико“.

Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, изјави дека Комисијата „веќе ги презема потребните чекори за назначување нов претставник… во многу блиска иднина“. Тој додаде дека Хан испратил писмо до кипарскиот претседател Никос Христодулидес за да го информира за неговата одлука.

Кипар моментално го држи шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на ЕУ.

Кипар е поделен на турски кипарски северен дел и грчки кипарски јужен дел од 1974 година, кога турските сили извршија инвазија како одговор на државниот удар поддржан од Грција. Анкара не ја признава Република Кипар, земја-членка на ЕУ која е меѓународно призната како единствена суверена власт над целиот остров. Турскиот кипарски северен дел го признава само Анкара.

Неколку обиди за постигнување компромисен договор во текот на годините не успеаја, најновиот во 2017 година во Швајцарија. Формалните преговори не се продолжени оттогаш, објавува „Политико“.

ИЗДВОЕНИ