петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Јавно обвинителство: Промената на обвинител нема да го запре судењето за кочанската...

Јавно обвинителство: Промената на обвинител нема да го запре судењето за кочанската трагедија

106

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈО  ГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни постапки.

Од Обвинителството велат дека ниту еден започнат процес нема да трпи неоправдано одолговлекување или усложнување, а во судница ќе има јавен обвинител подготвен да го застапува обвинението.

Реакцијата на Обвинителството следува откако родителите на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани побараа обвинителката Ивана Алексова Трајчева да продолжи да ги води предметите против полицајците обвинети за непостапување во трагедијата. Семејствата сметаат дека со смената на обвинителката се отвора ризик од нови одложувања и пролонгирање на постапките, затоа што нов обвинител ќе треба од почеток да се запознава со доказите и текот на случајот.

ИЗДВОЕНИ