четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен кавадарчанец кој ја претепал неговата сопруга

Уапсен кавадарчанец кој ја претепал неговата сопруга

42

Кавадарчанец бил уапсен синоќа, откако во полиција било пријавено дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на сопругата, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода 40-годишниот Ѓ.И., по претходна пријава дека во неговиот дом, физички ја нападнал неговата 28-годишна поранешна сопруга и ѝ се заканувал, соопштија од СВР – Велес.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе била поднесена соодветна пријава

ИЗДВОЕНИ