среда, август 12, 2026
Дома СВЕТ „Јас сум нивниот банкар“ Трамп: САД би можеле да предизвикаат економски колапс...

„Јас сум нивниот банкар“ Трамп: САД би можеле да предизвикаат економски колапс на Техеран или силно да го нападнат Иран

125
EPA/MAXIM SHEMETOV / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на одреден начин преговара со Иран и дека сега постојат опции САД или да извршат нов, навистина силен напад врз Иран, или да му дозволат на Техеран – како што се изрази тој – економски да колабира.

Во интервју за „Real America’s Voice“, објавено доцна синоќа, Трамп рече дека иранските претставници се „итри преговарачи“, пренесе денеска Ројтерс.

„Економски гледано, тие се во хаос. Не можат да позајмуваат пари. Ние ги контролираме нивните пари… Јас сум нивниот банкар“, рече Трамп, мислејќи на замрзнатите ирански средства.

ИЗДВОЕНИ