Италијанската премиерка Џорџа Мелони поднесе барање за заштита на авторските права врз нејзиниот глас, како дел од напорите да се спречи неговата употреба во содржини генерирани од вештачка интелигенција, како што е клонирањето на глас. Веста ексклузивно ја објави „Ла Република“, а ја потврдија извори од кабинетот на премиерот.
Мелони го поднесе барањето за регистрација на својот глас до Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост (EUIPO), пренесе новинската агенција АНСА.
За потребите на барањето, премиерката снимила како двапати ја изговара реченицата „Io sono Giorgia Meloni“ (Јас сум Џорџа Мелониа, а таа снимка може да се види на веб-страницата на EUIPO.
Нејзиното барање моментално е „во фаза на разгледување“, наведе АНСА.
Агенцијата исто така забележа дека и италијанската поп-ѕвезда Џузи Ферери пред неколку месеци поднела барање за заштита на авторските права врз својот глас.












