Јанис Антетокумбо со големи амбиции ја очекува новата НБА-сезона, во која ќе го носи дресот на Мајами хит. Грчкиот ас јасно стави до знаење дека има високи цели и дека сака повторно да биде меѓу најдобрите играчи во лигата.
- Ќе доминирам оваа сезона. Сакам да докажам дека сум еден од најдобрите играчи во НБА. Сакам да им кажам на навивачите дека ќе ја вратиме топлината, порача Јанис во видео објавено на официјалните НБА-канали.
Антетокумбо истакна дека европската кошарка моментално го доживува еден од најдобрите периоди во својата историја, но неговиот фокус е целосно насочен кон новиот предизвик во Мајами.
- Мојата филозофија за новата сезона е да победувам. Кога ќе се укаже можност, ќе доминирам. Мајами, подгответе се за возбудлива сезона, порача грчкиот кошаркар.











