понеделник, август 17, 2026
Дома БАЛКАН Трагедија на грчки остров на Кикладите: Приватен хеликоптер се урна и се...

Трагедија на грчки остров на Кикладите: Приватен хеликоптер се урна и се запали, три лица пронајдени во бесвест/ВИДЕО

0

Приватен хеликоптер се урна и се запали во областа Толос на грчкиот остров Сифнос. Веднаш по несреќата избувна пожар, а три лица беа пронајдени во бесвест на местото на настанот.

Оперативниот центар на противпожарната служба беше известен за инцидентот околу 18 часот по локално време денес, објавува „Прототема“.

Двајца пожарникари со едно возило се на местото на пожарот, додека спасувачка екипа патува со глисерот „Сироса“.

Сифнос е грчки остров во групата Киклади, познат по својата традиционална кикладска архитектура, одлична гастрономија, мирна атмосфера и пешачки патеки. До него може да се стигне само со брод (ферибот), обично од пристаништето Пиреја во Атина, а патувањето трае помеѓу 2,5 и 5 часа.

ИЗДВОЕНИ