EPA/JOHN G. MABANGLO

Италијанскиот тенисер Јаник Синер, им се придружи на Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ како еден од ретките играчи кои ги освоил сите големи титули на тврда подлога. Италијанецот го направи тоа откако го победи Данил Медведев во финалето на мастерс турнирот Индијан Велс со 7:6, 7:6.

Со тој триумф, Синер ја комплетираше колекцијата од сите „големи титули“ на тврда подлога: шест турнири од серијата АТП Мастерс 1000, завршниот турнир од сезоната на АТП Финалите, како и два гренд – слема,  Австралија Опен и САД Опен.

Легендарниот Андре Агаси исто така ги освои сите пет Мастерс 1000 турнири одиграни на тврда подлога во текот на неговата кариера: Индијан Велс, Мајами Опен, Роџерс Куп, Синсинати Опен и Мадрид Опен. Американецот, исто така, ги освои двата гренд – слема на земјена подлога и завршниот АТП турнир.

Федерер ја заврши својата серија во 2014 година на Мастерс турнирот во Шангај, додека Ѓоковиќ го направи тоа во 2018 година на Синсинати Опен, станувајќи првиот тенисер во историјата кој ги освоил сите девет турнири Мастерс 1000.

Синер го освои својот прв трофеј од категоријата Мастерс 1000 во 2023 година во Торонто на Роџерс Купот, а ги собра и останатите титули од елитата на тврда подлога за помалку од три години.

Тој моментално е во импресивна серија – Италијанецот освои 22 последователни сета на турнирите Мастерс 1000, што е втора најдолга серија во историјата на оваа категорија (од 1990 година).

Рекордот го држи Ѓоковиќ со 24 последователни сета, кои ги освои од второто коло во Индијан Велс во 2016 година до второто коло на Мастерс турнирот во Париз истата година.

Третиот на листата е Карлос Алкарас, кој одигра 21 сет по ред – од второто коло на Индијан Велс во 2023 година до полуфиналето на турнирот Мајами Опен истата година.

ИЗДВОЕНИ