четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Пукање во зградата во владата на Анталија: Напаѓачот се заклучил во една...

Пукање во зградата во владата на Анталија: Напаѓачот се заклучил во една од просториите/ВИДЕО

103
screenshot X

Вистинската драма се одвива во Анталија, Турција, откако беа испукани куршуми кон владината зграда, канцеларијата на гувернерот на округот Кепез.

Според извештаите на медиумите, едно лице влегло во Дирекцијата за национално образование на округот, која се наоѓа во владината зграда Кепез во Анталија, и отворило оган на случаен начин, по што се заклучило во една од собите.

По пукањето, владината зграда била итно евакуирана.

Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат како вооружени специјални сили влегуваат во објектот, додека евакуирани граѓани чекаат пред зградата.

На местото на настанот беа испратени специјални полициски единици и екипи за итни случаи.

Сè уште не е познато дали има повредени.

ИЗДВОЕНИ