петок, септември 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Јакуп Хусеини е кандидат за градоначалник на Вреди на вонредните избори за...

Јакуп Хусеини е кандидат за градоначалник на Вреди на вонредните избори за градоначалник во Брвеница

16

Партијата Вреди денеска објави дека нејзин кандидат за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Јакуп Хусеини.

„Јакуп Хусеини е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. Неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да ги запознае потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува Општината. Во текот на целиот свој професионален ангажман бил во служба на жителите и посветен на своите институционални одговорности“, соопштија од владејачката партија.

Од Вреди додаваат дека нудат кандидат „со правна подготовка, професионално искуство и непосредно познавање на Општина Брвеница“.

ИЗДВОЕНИ