Итната медицинска помош во Гевгелија располага со ново амбулантно возило, опремено со современа медицинска опрема, кое ќе придонесе за побрза, поквалитетна и поефикасна здравствена грижа за пациентите. На промоцијата присуствуваа директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Јован Коцев, директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија, д-р Патрик Мат, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и Анета Стамкова, претседателка на Советот на општина Гевгелија.
Проектот што го имплементира Центарот за развој на универизитетската болница „Хепа“ од Солун, чини околу 1,5 милиони евра од кои 980 илјади се од Европската унија, а покрај Гевгелија, вакви возила добија и Итната медицинска помош на Струмица, Радовиш и Валандово.
Партнери во реализацијата на проектот се Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Универзитетската болница АХЕПА од Солун и Хеленското здружение за итна претхоспитална медицинска грижа, информираше Јован Коцев директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Првиот човек на Општата болница со проширена дејност-Гевгелија, Патрик Мат, возилото и новата опрема, во која спаѓаат и ЕКГ апарат и дефибрилатор, се од голема корист за испорака на квалитетна здравствена услуга и навремена интервенција.
Заблагодарувајќи се на донацијата, тој напомена дека ова возило ќе служи за сите пациенти кои ги покрива нашата болница, од Гевгелија, Богданци и Дојран.
Градоначалникот Сарамандов ја истакна важноста од континуирано вложување во здравствените капацитети, особено во Итната медицинска помош која ги опслужува жителите од три општини.
-Како Општина, имаме обврска сериозно да пристапуваме кон ваквите иницијативи, да ги поддржуваме и да соработуваме со здравствените институции и сите потенцијални партнери кои се дел од здравствениот систем, иатакна Сарамандов.
Со ставањето во функција на новото амбулантно возило и обезбедувањето современа медицинска опрема се зајакнуваат капацитетите на Итната медицинска помош во Гевгелија, особено во делот на навременото интервенирање и укажувањето итна медицинска помош на граѓаните. Покрај набавката на возилото и медицинската опрема, значаен дел од проектот„Прекугранична област за безбедно срце“ е посветен и на стручното усовршување на медицинскиот персонал. Предвидени се обуки за основно и напредно одржување во живот, со стекнување сертификати акредитирани од Европскиот совет за ресусцитација.
Проектот што го имплементира Центарот за развој на универизитетската болниа „Хепа“ од Солун, чини околу 1,2 милиони евра од кои 980 илјади се од Европската унија.
Покрај едукативните активности, проектот опфаќа и набавка на современа медицинска опрема, вклучително и амбулантни возила, дефибрилатори и електрокардиографи, како и воспоставување капацитети за медицинска симулација и практична обука.
Проектот се реализира преку партнерство на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Универзитетската болница АХЕПА од Солун и Хеленското здружение за итна претхоспитална медицинска грижа (HSEPC). Преку здружување на институционалното и медицинското искуство од двете земји, партнерите работат на создавање подобро подготвен и поотпорен прекуграничен регион. (Љ.А.)












