четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Извршени се претреси на неколку локации во Париз поврзани со откритијата во...

Извршени се претреси на неколку локации во Париз поврзани со откритијата во досиејата за Епстин

102
Фото:википедија

Француските финансиски обвинители соопштија денес дека се ивршени претреси на неколку локации, вклучувајќи ја и париската филијала на швајцарската приватна банка „Едмонд де Ротшилд“, во рамки на истрагата поврзана со откритијата од досиејата за Џефри Епстин, објави „АП“.

Според соопштението на францускиот национален финансиски обвинител, локациите се претресени минатиот петок како дел од првичната истрага отворена во феврари. Истржителите ги истражуваат наводите за поткуп на странски јавен службеник и соучество во кое е вклучен поранешниот француски дипломат Фабрис Ејдан.

Според француското министерство за надворешни работи, истрагата е отворена по откритијата објавени во досиејата за Епстин и дополнителните известувања во Франција.

Случајот го води француската централна кацеларија за борба против корупција и данични и финансиски престапи.

Ејдан се најде во центарот на јавното внимание во Франција по објавувањето на милиони документи на Министерството за правда на САД на 30-ти јануари во рамки на „Досиејата Епстин“.

Францускиот истражувачки портал „Медијаарт“ извести дека досиејата сугерираат дека Ејдан им дал доверлив материјал на Обединетите Нации. Ејдан негираше секакво незаконско постапување.

Името на Ејдан наводно се појавувал во повеќе од 200 документи, вклучувајќи и мејлови испрарени до Џефри Епстин меѓу 2010 и 2016 година, од лични и од профилни на ОН, што создало сомнеж дека споделувал дипломатски документи со Епстин.

Адвокатот на Ејдан негираше каков било прекршок и повика на почит на пресумцијата на невиност.

Џефри Епстин, американски финансиер и осуден сексуален престапник, изврши самоубиство во затвор во Њујорк во 2019 година додека чекаше судење за федералните обвинувања за трговија со луѓе поради сексуална експлатација.

„Асошиејтед прес“ веќе пишуваше дека досиејата за Епстин вече потресоа повеќе истакнати личности во Франција.

Поранешниот министер за култура Џек Ланг поднесе оставка во февруари на местото на директор на Институтот за арапскиот свет откако обвинителите отворија првична истрага за даночна измама по објавувањето на докуметите поврзани со Епстин во Соедниетите Американски Држави.

Џек Ланг беше најпознатата личност во Франциај погодена од најновите откритија во „Досието Епстин“.

 

ИЗДВОЕНИ