среда, октомври 28, 2026
Дома СВЕТ Израел се закани со анексија на дел од Западниот брег ако се...

Израел се закани со анексија на дел од Западниот брег ако се признае палестинска држава

101

Израелските министри наводно ги предупредија клучните европски држави дека секое признавање на палестинската држава би го поттикнале Израел да преземе еднострани мерки, меѓу кои и евентуална анексија на делови од Западен Брег, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот весник „Хаарец“објави дека министерот за стратешки прашања Рон Дермер лично ги предупредил францускиот и британскиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро и Дејвид Лами дека Израел би можел да одговори на признавањето на палестинската држава со анексија на Зоната Це на Западниот Брег и легализирање на недозволени населби.

Додека весникот „Израел Хајом“ наведе дека шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар им пренел слична порака на колегите во Велика Британија, Франција и други земји, предупредувајќи дека потезите против Израел ќе бидат проследени со израелски мерки како што е проширување на суверенитетот врз населбите на Западниот Брег и делови од Јорданската долина. На едностраните потези против Израел ќе биде одговорено со еднострани потези од страна на Израел, истакнал Сар.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:

ИЗДВОЕНИ