недела, јуни 21, 2026
Дома СВЕТ Израел продолжува со нападите врз Либан: Прекинот на огнот е бесмислен, велат...

Израел продолжува со нападите врз Либан: Прекинот на огнот е бесмислен, велат од „Хесболах“

125
Фото: EPA/WAEL HAMZEH

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата ќе продолжи да напаѓа „секоја цел во Либан“ откако САД објавија тринеделно продолжување на прекинот на огнот.

Нетанјаху ја обвини либанската милитантна група „Хезболах“ за обид за кршење на прекинот на огнот, објави „Си-ен-ен“.

„Почнавме со процесот на постигнување историски мир меѓу Израел и Либан и ни е јасно дека Хезболах се обидува да го саботира“, рече тој.

Израелската војска соопшти дека ја таргетирала инфраструктурата на Хезболах во регионот Деир Амес на југот од земјата по наводното кршење на прекинот на огнот и дека во копнен напад загинале шестмина од оперативците на групата.

„Хезболах“ претходно изјави дека договорот за прекин на огнот „нема никакво значење“, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ