вторник, ноември 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пролетни 22 степени, а потоа – температурен шок! УХМР најави голема промена...

Пролетни 22 степени, а потоа – температурен шок! УХМР најави голема промена на времето

0

Граѓаните на Македонија во наредните денови ги очекува вистински временски „ролеркостер“. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по невообичаено топлите четврток и петок, веќе од стартот сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено силен ветер од јужен правец.дела викенд следува нов, значителен пад на температурите.

Иако претстојните денови ќе бидат проследени со претежно до целосно облачно време и повремен дожд, температурите постепено ќе растат. Се очекува овој краток топол бран да го достигне својот врв во петок, 13 ноември, кога во одредени делови од земјата температурите би можеле да достигнат пролетни 22 степени Целзиусови.

Веќе во недела ќе дојде до нагла промена и пад на температурата. Од УХМР наведуваат дека ветерот ќе го промени правецот, што ќе доведе до значително заладување на територијата на целата земја.

Од недела па натаму, се очекува стабилизација на временските прилики, соодветно на годишното време – значително постудено.

ИЗДВОЕНИ