Израелскиот политичар од партијата Сино и бело, Аври Штајнер предложи Израел да купи 40 ненаселени грчки острови во Егејско Море, за да ги користи како засолниште за израелските граѓани во случај на војна, објави на израелскиот весник „Маарив“.
Купувањето на ненаселени грчки острови тој го спореди со втора Железна купола, поради опасноста од иранските ракети кои можат да погодат цели во Израел.
Овој предлог Штајнер го презентираше на состанок на одборот на директори на Химнута, дел од Еврејскиот национален фонд формиран во 1967 година за купување палестинско земјиште на окупираниот Западен Брег. Весникот „Хаарец“ објави дека мнозинството ја отфрлило оваа идеја со образложение дека ондот нема мандат да купува земјиште надвор од Израел.












