вторник, јуни 23, 2026
Дома БАЛКАН Измамник од Бугарија уапсен во Ниш: И јавил на старица дека нејзиниот...

Измамник од Бугарија уапсен во Ниш: И јавил на старица дека нејзиниот син умира, и ѝ земал 150.000 евра

97

Полицијата во Ниш го уапси бугарскиот државјанин С. Б. Г. (61) под сомнение дека измамил седумдесет и четиригодишна жена од Ниш.

Полицијата во Ниш, постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство во тој град, го уапси бугарскиот државјанин С. Б. Г. (61), осомничен дека се јавил на седумдесет и четиригодишна жена од Ниш и ѝ кажал дека нејзиниот син е тешко повреден, по што и побарал  да му даде 150.000 евра за трошоците за наводното лекување, што таа го сторила.

Како што денес соопшти Полициската управа во Ниш, тој е уапсен поради постоење основи на сомнение дека вчера сторил кривичното дело измама.

Полицијата го идентификуваше и уапси осомничениот преку брза и ефикасна оперативна работа, а речиси сите пари за кои се сомнева дека седумдесет и четиригодишната жена му ги дала беа пронајдени кај него.

Осомничениот е приведен до 48 часа по наредба на обвинителството и ќе биде изведен пред обвинителот со кривична пријава.

Полициската управа во Ниш апелира до граѓаните, особено до постарите лица, веднаш да ја известат полициската управа или најблиската полициска станица со повик на бројот 192 доколку бидат повикани од непознати лица кои бараат пари.

ИЗДВОЕНИ