понеделник, август 17, 2026
Дома СВЕТ Измамен уште од почетокот на мандатот: Британскиот премиер разменувал пораки со лажна...

Измамен уште од почетокот на мандатот: Британскиот премиер разменувал пораки со лажна шефица на кабинетот на Трамп

19
EPA/ANDY RAIN / POOL

Британскиот премиер Ендрју Барнам бил цел на софистицирана дипломатска измама. Toj разменувал пораки со жена која лажно се претставувала како Сузи Вајлс, шефица на кабинетот во Белата куќа. Комуникацијата траела неколку дена пред премиерскиот кабинет да се посомнева во автентичноста на контактот. Случајот предизвика тревога меѓу безбедносните служби во Лондон и Вашингтон, откако британската амбасада во САД го пријави инцидентот до американската администрација.

Инцидентот започнал непосредно откако Барнам ја презеде премиерската функција. По неколку разменети пораки, британските официјални лица забележале несовпаѓања во содржината и го прекинале контактот. Од Даунинг стрит одбија да дадат детални објаснувања за медиумите. Официјалниот портпарол само кратко изјави дека владата не коментира прашања поврзани со националната безбедност.

Сепак, извори блиски до кабинетот тврдат дека разменетите пораки немале критична или доверлива содржина што би ја загрозила државната безбедност. Откако се потврдило дека не се работи за вистинската Сузи Вајлс, британската амбасада во Вашингтон го известила тимот во Белата куќа за потенцијалниот хакерски упад или злоупотреба на идентитетот.

ИЗДВОЕНИ