недела, ноември 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Изградени три улици во населбата СРЦ

Изградени три улици во населбата СРЦ

768

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, објави дека се завршени градежните работи за изградба на три улици во населбата СРЦ, во должина од 400 метри.

– На овој потег претходно беше изградена и подземната инфраструктура: атмосферска канализација во должина од 538 метри, фекална во должина од 165 метри и водоводна мрежа во должина од 304 метри – информираше Гоцевски.

Тој додаде дека со реализацијата на овој проект е решен долгогодишниот проблем со патната инфраструктура и со друг вид инфраструктура во оваа делчевска населба и се создадени услови за безбедно, функционално и модерно домување на жителите и современи урбани услови за развој на населбата.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 10.204.477 денари. Средствата се обезбедени од Владата, преку Министерството за транспорт, а изведувач на работите е ДПТУ ОСД „Кирил“ ДООЕЛ експорт-импорт од Штип.

 

ИЗДВОЕНИ