недела, август 16, 2026
Дома СВЕТ Избувна голем шумски пожар во најголемиот природен резерват во Белгија, евакуирани се...

Избувна голем шумски пожар во најголемиот природен резерват во Белгија, евакуирани се две блиски села

19

Голем шумски пожар гори во најголемиот природен резерват во Белгија, најлошиот во поновата историја на земјата, објавува „Би-си-си“.

Досега изгоре една третина од резерватот Високи мочуришта. На жителите на две блиски села им е наредено да се евакуираат, а локалните власти предупредија дека пожарот може да стигне до домовите.

Тие рекоа дека пожарот е сè уште надвор од контрола и дека временските услови и видот на теренот во резерватот, кој се состои од мочуришта, тревести површини и шуми, го отежнуваат гаснењето.

Авиони и хеликоптери со водени бомби се испратени од цела Европа за да им помогнат на пожарникарите да го изгаснат пожарот во резерватот во близина на источната граница со Германија.

Пожарот е еден од бројните шумски пожари што гореа низ Европа во саботата, вклучувајќи го и шумскиот пожар што принуди стотици жители да ги напуштат своите домови во југозападна Франција.

Николас Јернот, портпарол на регионалната влада во Валонија, рече дека пожарот е најголемиот во поновата историја на земјата.

„Постои ризик пожарот да стигне до домовите, но ние ги користиме сите расположиви ресурси за да ги заштитиме“, рече Јернот, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ