Италијански медиуми: Модриќ следната недела ќе потпише за Милан

86
EPA-EFE/Abir Sultan

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (39) следната недела треба да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор со Милан, објавија италијанските медиуми.

Хрватската репрезентација во петок со натпреварот против Гибралтар во Фаро, Португалија, ги започнува квалификациите за Светското првенство во 2026 година, а во понеделник на 9 јуни игра со Чешка во, „Опус Арена“ во Осијек. По овие натпревари се очекува Модриќ да отпатува во Милано на медицински прегледи и потпишување договор.

Модриќ на „Сан Сиро“ доаѓа како слободен играч, без обештетување, но му останува уште да игра на Светското клупско првенство со Реал Мадрид, каде што помина 13 години, што од 14 јуни до 13 јули се одржува во САД.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставниците на Модриќ во четвртокот биле видени во седиштето на Росонера (Каза Милан) за да ги финализираат деталите од договорот. Се очекува Модриќ да потпише едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. За една година во Милан, пишуваат медиумите, се очекува да заработи близу четири милиони евра, вклучувајќи бонуси.

Иако Модриќ во септември ќе го прослави својот 40-ти роденден, има уште многу да даде, пренесуваат италијанските медиуми, потсетувајќи дека хрватскиот играч освои се што е можно во неговите 13 години во Реал Мадрид. Модриќ има освоено 28 трофеи со Реал Мадрид, вклучувајќи шест титули во Лигата на шампионите и четири титули во шпанската лига.

ИЗДВОЕНИ