четврток, ноември 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Дефицитот во размената речиси 3 милијарди долари

Дефицитот во размената речиси 3 милијарди долари

0

Речиси половина од вкупната надворешнотрговска размена на Македонија се реализира со пет земји, а Европската Унија учествува со 58,8 проценти.

Извозот на стоки од земјава во периодот јануари-септември 2026 година достигнал 7,68 милијарди долари (6,62 милијарди евра), што претставува раст од 14,9 проценти во долари, односно 10,8 проценти во евра, во споредба со тој период лани.

Во истиот период, увозот изнесувал 10,66 милијарди долари (9,18 милијарди евра), со раст од 12 проценти во долари и 7,9 проценти во евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Како резултат на поголемиот увоз од извоз, остварен е трговски дефицит од околу 2,98 милијарди долари.

Во структурата на извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите проводници за палење за возила, авиони и бродови, деловите за седишта и другите видови катализатори.

Кај увозот доминираат нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, платината и легурите на платина, другите метали од платинската група, како и моторните возила за превоз на лица.

Според вкупниот обем на надворешнотрговска размена, најзначајни трговски партнери на земјава ѝ се Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 проценти во вкупната размена.

Земјите членки на Европската Унија, пак, учествуваат со 58,8 проценти во вкупната надворешнотрговска размена на Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ