Италија бара дисквалификација на претставникот на Естонија – го навредува нивниот бренд „Еспресо макијато“  

121

Додека го чекаме саботното финале на „Песна на Евровизија 2025“…..

Италијанската организација за права на потрошувачите „Кодаконс“ поднесе жалба до Европската радиодифузна унија (ЕБУ), прашувајќи дали е „соодветно да се дозволи песната којашто навредува една земја и еден цел народ да биде дел од евровизискиот натпревар“.  Вака се вели во соопштението кое стасува од Италија, а поради наводно контроверзниот настап на Томи Кеш, претставникот на Естонија на првата полуфинална евровизиска вечер, во Швајцарија. Песната, се разбира, влезе во големото утрешно финале, но предизвика многу реакции.  Што инаку е одличен бесплатен маркетинг и неверојатна можност за победата!

Песната ја има певливата мелодија при првото слушање, карактеристична за евровизиските песни. Но нејзиниот текст ги вознемири Италијанците и ги доведе до работ на беснило.

Италијанците сметаат дека еспресото е нивно национално благо и нема право ниту една земја учесничка да се служи со тој бренд.

Песната „Еспресо макијато“, стана вистинска хит-сензација на интернет. Сега милиони обожаватели на евровизискиот фестивал типуваат на оваа песна како можен победник.  – Евровизија поодамна нема вистински хит, како некогаш. „Еспресо макијато“ би можела да биде токму тоа. И да не победи многу ќе се слуша на секаде низ Земјината топка. Многу добра песна со запалив рефрен, без разлика на тоа што самиот пејач со својата физичка појава е малку несмасен. Да си ја среди, како што доликува, пред сè, мрсната долга коса, коментираат долгогодишните фанови на Евровизија.

Џан Марко Сентинајо, потпретседателот на италијанскиот Сенат, побара на Естонија да ѝ се забрани учество на Евровизискиот натпревар во (утрешното) финалето, објаснувајќи дека песната е „глупаво полна со клишеа“, кои ги навредуваат Италијанците.

-Секој што ја навредува Италија, а во овој случај пејачот од Естонија, мора да биде исклучен од Евровизија, бурно изнервирано напиша Сентинајо.

-Без оглед на слободата на уметничко изразување на Евровизија, не можеме а да не ја изразиме нашата разочараност за песната која е навредлива за луѓето во Италија, огнено порачаа од „Кодаконс“.

 

ИЗДВОЕНИ